Најдобриот алпски скијач на денешницата, Марко Одермат стигна до нова убедлива победа во велеслалом во сезоната во Светскиот куп.
По победата вчера во Алта Бадија, тој денеска повторно беше најдобар откако ја остави далеку зад себе конкуренцијата. Одермат трката ја заврши со вкупно време од 2:28.14 минути, што беше за 1.05 секунда подобро од второпласираниот Австриец, Марко Шварц.
Подиумот го надополни Словенецот, Жан Крањец кој доцнеше 1.22 секунда зад времето на најдобриот на денешницата Марко Одермат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА