Марк Одермат е победник на велеслаломската трка што се возеше денеска во италијанскиот ски-центар Алта Бадија, откако швајцарскиот скијач ги мина извонредно и двете трки на патот до највисокото место на пиедесталот.
Одермат имаше предност од 31 стотинка по првата трка во однос на второпласираниот Филип Зубчиќ од Хрватска, а кога Зубчиќ го заврши второто возење со две секунди предност во однос на дотогашниот лидер Крањец се чинеше дека Швајцарецот ќе има многу мака да ја задржи првата позиција. Сепак, тој успеа да го издржи притисокот, ја заврши трката со вкупно време од 19 стотинки подобро во однос на Хрватот и го освои првото место.
Со денешниот триумф Одермат е лидер и во генералниот пласман во Светскиот куп со вкупно 356 бода, со 72 бода предност во однос на второпласираниот Шварц од Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА