Швајцарскиот скијач Марко Одермат, го освои златниот медал во спуст на Светското првенство кое се одржува во Куршевел. Швајцарецот беше најбрз во спустот со време 1:47.05 пред Алексаднар Амодт Килде од Норвешка и Камерун Александер од Канада кој ја освои бронзата.
За 26-годишниот Одермат ова беше прв медал од Светските првенства. Минатата година го освои златото на Олимписките игри во велеслалом. За Килде ова е второ сребро од ова првенство, а едно освои во супервелеслалом пред два дена.
Канаѓанецот Александер изненадувачи го освои третото место, и на својата земја донесе нов медал после оној на Џејмс Крафорд во супервелеслалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА