Одигра 47 меча за српската фудбалска репрезентација, а сега станува кошаркар

Звучи неверојатно, но се чини ќе стане вистината. Адем Љајиќ, поранешниот фудбалски репрезентативец на Србија, кој има одиграно 47 натпревари во српскиот дрес, стана кошаркар.

Кошаркарскиот клуб Нови Пазар, кој се натпреварува во Првата регионална лига запад, ја објави бомбастичната информација.

„Нема потреба да го запознаваме, сите добро знаеме кој е и колку придонесе за Пазар спортот – еден, единствен, во нашиот Нови Пазар Адем Љајиќ! Фудбалската топка нема целосно да ја замени со кошаркарска, туку ќе му биде на располагање на тренерот Хаџериќ кога ќе ги избалансира обврските со фудбалскиот тим. Славниот фудбалер е голем љубител на играта под обрачите, па ова ќе биде остварување на сонот за него и одлична можност да го покаже. Нови Пазар ги гледа неговите вештини со кошарка“, се наведува во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK Novi Pazar 1969 (@kknovipazar1969)

 

Се вчитува...