Репрезентативецот на Ирска Џејмс МекКлин, објави дека му е дијагностициран аутизам. Овој фудбалер од средниот ред на Виган, се реши да го објави на социјалните мрежи во неделата на Светскиот ден на прифаќање на аутизмот.
Фудбалерот се решил да замине на процена на пореметување од аутистичен спектар, откако тој и неговата сопруга Ерин приметиле некои особони со неговата ќерка Вилоу-Иви.
„Како што знаете, мојата ќерка Вилоу-Иви е аутистична. Последните четири години го променија животот на неверојатен начин, но понекогаш беа многу тешки, затоа што нејзиниот татко гледа како совладува толку многу пречки во животот и учи како да се носи со предизвиците со кои секојдневно се соочува. Гледам толку малку особини кај неа кои ги видов и кај себе, па одлучив да заминам на прегледи. Беше тоа мало патување, а сега после дијагнозата чувствувам дека е време да поделам со вас. Некое време расправав дали да поделам со јавноста, затоа што тоа го сторив и за ќерка ми, за да и дадам до знаење дека разбирам тоа што е аутистична и дека тоа не треба да биде пречка да ги постигне целите и соништата. Татина ќерка“, напиша МекКлин.
МекКлин во понеделникот го забележа 98-миот настап за селекцијата на Ирска против Франција.
👏❤️ Wigan & Republic of Ireland footballer James McClean has announced he has been diagnosed with autism today.
This comes on Autism Acceptance Week as his daughter Willow-Ivy is also autistic and wanted to show his support. pic.twitter.com/0TC4eHyu4n
— EuroFoot (@eurofootcom) March 28, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА