Одигра натпревар за паметење па одби трансфер во Тотенхем

Нико Паз, младиот фудбалер кој се пресели од редовите на Реал Мадрид во Комо импресираше со првиот настап во сезоната. Во триумфот над Лацио, Аргентинецот постигна гол и асистенција и не остана имун за трансфер во гигант, но грандиозната понуда на Тотенхем била експресно одбиена.

Лондонскиот премиерлигаш за Паз на кој се гледа како идеално решение за проблематичната позиција која остана празна по заминувањето на Сон и повредата на Мадисон понудил пакет од 70 милиони евра, но оваа сума нема да биде доволна за трансфер.

Ни самиот фудбалер не е заинтересиран за промена на средината. Според шпанските медиуми тој е целосно фокусиран на сезоната со Комо по која ќе има шанса да се врати назад во Реал Мадрид доколку Шпанеците ја искористат опцијата во договорот за негово враќање на „Сантијаго Бернабеу“ за само 10 милиони евра.

Се вчитува...