Фудбалерот Жан-Кевин Аугустин треба да добие 24,5 милиони фунти од Лидс, одлучи ФИФА. Французинот беше позајмен на Лидс од Лајпциг во јануари 2020 година. Тој одигра само три меча за англискиот тим, и повторно се врати во Лајпциг на почетокот на јули.
Меѓутоа подоцна се дозна дека во договорот стоело задолжителен откуп во случај Лидс да обезбеди пласман во Премиерлигата. Тоа се случило, но англискиот тим не го сторил тоа. Англискиот тим инсистираше на фактот дека договорот бил до 30. јуни 2020 година, додека поради пандемијата од коронавирусот сезоната била продолжена, па Лидс ја обезбеди промоцијата во Премиерлигата дури на 17. јули.
Сепак, жалбата на Лајпциг на крајот била уважена, а и Судот за спортска арбитража застана зад германскиот тим и му наложи на Лидс да плати 21 милион евра. На крајот двете страни се договорија да го решат ова прашање, а Лидс плати 15,5 милиони фунти.
Меѓутоа Аугустин исто така одлучи да поднесе жалба до ФИФА за решавање на спорови и делумно беше уважена. Лидс е должен да му плати сума на платата на играчот за пет години (90.000 фунти неделно, околу 5 милиони фунти годишно или 25 милиони а пет години). Лидс поднесе жалба на оваа одлука. Аугустин во моментов игра за Базел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА