Одиграни натпреварите од 2. коло во најсилните одбојкарски лиги: Штип и Борец максимално!

Викендов се одиграа натпреварите од 2. коло во двете најсилни македонски одбојкарски лиги во машка и во женска конкуренција.

И втори победи запишаа екипите на Штип и Борец. Штип славеше на гостувањето против Работнички, а Борец, пак, на гости триумфираше со Шкендија.

Натпреварот меѓу Јанта Волеј и Струмица е одложен во договор меѓу клубовите. Термин за одигрување на дуелот дополнително ќе биде одреден.

ПРВА ЛИГА МАЖИ – 2. КОЛО
РАБОТНИЧКИ – ШТИП УГД 0:3 (18:25, 19:25, 17:25)
СУШЕВО 1987 – СКОПЈЕ 1:3 (19:25, 25:20, 20:25, 22:25)
ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ 1:3 (20:25, 25:15, 21:25, 12:25)
ЛИРИЈА – ВАРДАР 1974 2:3 (25:20, 25:22, 24:26, 23:25, 11:15)
УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО – ВЕСНА ПРОБИШТИП 3:0 (16:25, 10:25, 17:25)
ЈАНТА ВОЛЕЈ – СТРУМИЦА (одложен)

ТАБЕЛА: 1. Штип УГД 6 бода, 2. ГОК Борец 6 бода, 3. Скопје 4 бода, 4. Струмица 3 бода, 5. Шкендија 3 бода, 6. Работнички 3 бода, 7. Вардар 3 бода, 8. Универзитет во Тетово 3 бода, 9. Македонија Џио 1 бод, 10. Сушево без бодови, 11. Лирија без бодови, 12. Весна Пробиштип без бодови, 13. Јанта Волеј без бодови.

Во женска конкуренција победи за екипите на Работнички, Јанта Волеј и Струмица…

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ – 2. КОЛО
УСКАНА ВОЛЕЈ – СТРУМИЦА ЖЕНИ 0:3 (21:25, 18:25, 20:25)
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 0:3 (14:25, 19:25, 16:25)
ВАРДАР ЕМ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 0:3 (17:25, 21:25, 20:25)
МЛАДОСТ УГД – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 1:3 (25:15, 25:27, 23:25, 25:27)

ВТОРА ЛИГА ЖЕНИ – 2. КОЛО
ВИКТОРИ ВОЛЕЈ – КУМАНОВО 0:3 (18:25, 19:25, 23:25)
ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – МАКЕДОНИЈА МАКС. 3:0 (25:11, 25:6, 25:6)
ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – ФЛАМИНГО ВОЛЕЈ 3:0 (25:5, 25:12, 25:9)
ВАРДАР ЖЕНИ 2019 – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО 3:0 (25:13, 25:19, 25:7)
БАМИ КОР – ФОРЦА ВОЛЕЈ ЕМА 3:0 (25:19, 25:17, 25:19)

Се вчитува...