ОДИМЕ НА ЕП – Бобан НИКОЛОВ: Георге Хаџи ќе биде со цело срце за Македонија на ЕП!

Во желбата што поблиску до вас да ги доближи македонските херои кои со пласманот на ЕП 2017 го донесоа најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, ЕКИПА преку серијал интервјуа „ОДИМЕ НА ЕП“, со дел од актерите во Полска, од еден малку поинаков агол ќе ви го најави собирот на најдобрите млади фудбалери на Стариот континент.

========================================================================

Кротко, навидум нечујно, но повеќе од моќно ја градеше својата фудбалска кариера за дојде до степен на незаменлива алка во репрезентацијата на Благоја Милевски која го донесе најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал. Капитенот Бобан Николов стартувајќи во својата штипска Брегалница, па селејќи се на само 15 години во академијата на Георге Хаџи во Романија, преку Виторул Констанца и Вардар сега дефинитивно, со свои 22 години, е еден од оние на кои се темели иднината на нашиот репрезентативен фудбал.

А, кога ќе се спомне Романија, веднаш се потсетува на еден од најславните фудбалери во историјата на европскиот фудбал – Георге Хаџи. Во Романија познат како „Кралот“, во дресот на Галатасарај – „Командантот“, за светот препознатлив како „Марадона од Карпатите“ а за нас најславниот „странец“ со македонско потекло. Со името на Георге Хаџи го почнавме разговорот и со Бобан Николов, затоа што кога Николов ќе се потсети на почетоците на оваа наша генерација која на одведе на ЕП си спомнува и за едно обложување со легендарниот Романец…

„Знаете ли дека еден од најсреќните, од оние лица со кои комуницирам и сум близок, за нашиот успех и пласман на Европското првенство беше еден од најдобрите европски фудбалери на сите времиња Георге Хаџи?“ – почнува Николов и веднаш продолжува:

„Тоа е личност со која навистина имам прекрасни односи. Ме чувствуваше како свое дете во неговата академија додека бев во Романија, па исто е и ден-денеска. Веднаш ми се јави по пласманот на ЕП – беше пресреќен, а бидејќи постојано сме во контакт и сега ни посака многу среќа потенцирајќи дека ќе биде со сето срце за Македонија на Европското првенство во Полска“ – вели Николов, откривајќи ни и една тајна поврзана со Хаџи пред стартот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2017.

„Првиот натпревар кој оваа репрезентација под водство на Благоја Милевски го одигра беше во октомври 2014 година против Романија. Тогаш со Хаџи имавме еден меѓусебен облог која репрезентација ќе загуби тој да чести ручек. Но, Хаџи беше толку убеден во квалитетот на романската селекција, па рече ако победи Македонија тој ќе почести десет ручеци за мене, а ако победи Романија, пак ќе ме чести – но само еден. Ние победивме со 2-1. Навистина беше изненаден од нашиот квалитет, и во исто време и радосен. Сепак, ми беше тренер пет години и секако е среќен за мојот фудбалски развој“.

Зошто да стравуваме од ѕвездите на Шпанија? На терен не играат милионите…

nikolov so...

А, фудбалскиот развој го донесе Николов до генерацијата која засекогаш ќе остане запишана со златни букви во историјата на македонскиот фудбал. Европското првенство, како што вели, е огромен настан за фудбалска Македонија и за него лично, но дефинитивно не планира да биде последниот ваков во неговата кариера. Верува дека Македонија има далеку посветли репрезентативни денови, среќен е за се што ни се случи досега, но не планира да застанеме само на тоа…

„Многу пати е потенцирано дека нашиот пласман на Европското првенство е голем успех. Но, никој од нас верувајте не планира да застане само на тоа. Тоа што сме ги минале квалификациите сега воопшто не важи, сето тоа е зад нас. Точно е дека запишавме историја, но сега пред нас е ново докажување. Ние сме меѓу 12 најдобри репрезентации во Европа. Ние сме меѓу 12 еднакви репрезентации во Европа. Тоа што го планираме е максимално надигрување со секој противник, и зошто да не ја израдуваме македонската јавност уште еднаш“.

ramka edinstveniЧесто се потенцира дека не чекаат дуели против фудбалери со милионски суми вредност. Колку тоа е пресудно на теренот?

„Факт е дека ќе играме против фудбалери кои вредат и по повеќе од 50 милиони евра на трансфер пазарот. Но, не играат милионите! Тоа го потврдивме против Французите во квалификациите кои исто така располагаат со фудбалери од екстра класа. Но, во двата квалификациски натпревари ниту најмалку не не надиграа. На оној натпревар во Ле Ман сигурно уште долго ќе се сеќаваме. Тој натпревар беше потврда на сиот наш квалитет!“

Дали можеби сега се чувствува некој дополнителен притисок меѓу фудбалерите? Ја подигнавте линијата на очекувања за македонскиот фудбалски вљубеник. Сето тоа носи одреден товар. Или не?

„Не, ние воопшто не чувствуваме некој негативен притисок. Не се оптоваруваме воопшто против кого и каде играме. Така ќе биде и во првиот натпревар на шампионатот против Шпанија. Кога доаѓаме во репрезентацијата сите знаеме дека доаѓаме во семејството, колективот за кој живееме, сите како еден. Да, знаеме дека сите наши противници можеби имаат подобри индивидуалци, но ние досега покажавме дека колективот е посилен од индивидуалецот!“

boban nikolov 2

И по поразот од Исланд некако потајно знаев дека ќе успееме…

Очекуваше ли по оној убедлив пораз од Исланд од 3-0 на почетокот од квалификациите дека може да стигнете до Европско првенство?

„Да кажам дека сигурно очекував ќе излажам. Можеби не очекував, но да бидам искрен некако потсвесно верував дека тој пораз ама баш ништо не значи. Па, дури се сеќавам дека веднаш по натпреварот дадов изјава дека тој натпревар не ја покажува нашата сила, а ние до крајот на квалификациите ќе докажеме дека вистински вредиме. И докажавме дека тој меч беше само една несреќа, а потоа цели две години еве сме без пораз. И искрено се надевам дека истото ќе продолжи сега во Полска“.

ramka - semejstvotoКога ти беше најтешко во квалификациите?

„На натпреварот со Шкотска на гостински терен кога победивме со 0-1. Таков натпревар секој посакува да одигра барем еднаш во животот. Многу тежок натпревар, но тогаш видов дека навистина сме тим, и дека сите гинеме еден за друг!“

Во Полска сега сигурно ќе има натпревари еднакви на тој во Шкотска…

„И треба да има… Нека бидат сите повеќе од тешки. Подготвени сме се да издржиме. Се разбира на крајот и да се радуваме на наши победи. Нека биде како во Шкотска по 1-0, не мора повеќе!“

Се вчитува...