Македонија против Велс во вторник ќе може да избори пласман во баражот за пласман на Светското првенство 2026 година. Потребна ќе биде победа или реми во Кардиф, за дефинитивно второ место.
По натпреварот со Летонија, селекторот Благоја Милевски кратко се осврна и на тој натпревар.
„Што се однесува до Велс, најважен натпревар во битката за второто место во групата… Последен меч во овие квалификации. Одиме таму да одиграме, и да уживаме во натпреварот. До претпоследното коло во овие квалификации бевме првопласирани, сега имаме шанси да дојдеме до второ место“, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

