Одличен гест на Борусија Дортмунд: Навивачите ќе го дизајнираат новиот дрес на „милионерите“

Борусија Дортмунд им понуди на своите навивачи уникатна можност – да учествуваат во дизајнирањето на дресот за сезоната 2023/24. Изгледот на дресот за наредната сезона е веќе договорен, но затоа челниците на клубот решија да се советуваат со фановите за сезоната што ќе следи, од јули 2023 година.

Преку соопштение на официјалната веб-страница беше означен стартот на „конкурсот“,од кој жирито ќе избере неколку најдобри предлози, од кои потоа навивачите ќе го изберат оној што ќе биде официјален на Борусија Дортмунд за сезоната 2023/24.

„Во нашата историја од 112 години имавме безброј дресови, од незаборавни, преку модерни, луди и невпечатливи. Да признаеме, имавме и големи промашувања. Сепак, сите наши дресови секогаш го претставуваат семејството на Борусија и заедницата која ја врзуваат бројни незаборавни спомени. Невозможно е секогаш да ги задоволите сите вкусови и затоа се решивме за нешто специјално. Сакаме да го дизајнираме дресот за 2023/24 со сите вас. Ги очекуваме вашите предлози во било која форма, цртеж со рака, 3Д-анимација, како ви е најлесно. Дизајнирате го нашиот дрес“, објави Борусија Дортмунд.

Се вчитува...