Одличен меч за Здравковски, Селтик во 95. минута се спаси со Мадервил

Македонскиот репрезентативец Давор Здравковски одигра повеќе од квалитетен натпревар во средниот ред на Мадервил на дуелот против големиот Селтик во Премиерлигата на Шкотска. Но, неговиот тим иако имаше водство од 1-0 на полувремето, на крај загуби од фаворитот со два гола примени во судиското продолжение на натпреварот.

Здравковски веќе во континуитет е стартер за Мадервил во новата година. Македонскиот фудбалер го одигра целиот натпревар и против Селтик, но Мадервил не успеа да извлече барем бод на крај за пораз од 1-3.

Селтик до победата дојде со головите на Идах во 95. минута и на Палма во 97. минута за значајни три бода во битката за шампионската титула.

Се вчитува...