Италијанскиот калчолигаш Интер фантастично го почна настапот во Лигата на шампионите, остварувајќи две победи во првите две кола. „Нероаѕурите“ вчера славеа во Холандија против ПСВ Ајндховен со 1-2, а Матео Политано покажа и други способности. Тој фати во лет пластична чаша полна со пиво што ја фрлија навивачите на ПСВ. Одличен начин за прослава на триумфот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА