Одличен настап на Дарио Ивановски: 13. место на Европското првенство во маратон во Брисел!

Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски имаше одличен настап завршувајќи на 13. место на маратонот на првото Европско првенство на трки на пат, кое викендов се одржува во Брисел и Лувен, Белгија.

Ивановски маратонската трка ја истрча со време од 2:14.02 часа, завршувајќи на 13. место од 42 атлетичари кои се натпреваруваа на европскиот шампионат.

Триумфираше Италијанецот Илијас Ауани со време од 2:09.05 часа, а по него следуваа двајца Израелци, Гашау Ајале и Мару Тефери.

На Европското првенство настапи и Адријана Поп Арсова која на трката на 10 километри заврши на 74. место од 85 натпреварувачки, со време од 17:18 минути.

Се вчитува...