Најдобриот македонски нордиец, Ставре Јада имаше одлична трка на индивидуалната трка на 20 километри во светскиот куп во крос-кантри која денеска се возеше во швајцарскиот Давос.
Македонецот на крајот го освои 56. место од вкупно 59 натпреварувачи, но одличен е податокот што тој на крајот доцнеше само седум минути зад победникот Симен Хегстад Кругер. Подиумот го надополнија уште двајца норвешки нордијци Ханс Кристер Холунд и Сјур Роте, а интересно е тоа што и од четвртата до шестата позиција сите места ги освоија Норвежаните.
Норвешката доминација во машка конкуренција воопшто не е за изненадување бидејќи нивните најголеми конкуренти Русите се суспендирани поради инвазијата на нивната земја над Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА