Македонските мотоциклисти Христијан Бузалковски и Синиша Кочоски запишаа историја за македонскиот мото-спорт, со денешното учество на една од најпрестижните авто-мото трки во историјата „24 часа Ле Ман“, кое е и Светското првенство во издржливост.
Кочоски и Бузалковски со својот тим „Уни Серв Мото 82“ од Чешка, обезбедија пласман на главниот настан по вчерашните одлично одработени квалификации. И денеска, по 24 часа возење, пет инциденти и едно останување без бензин, тимот „Уни Серв Мото 82“ финишираше на 37-та позиција во конкуренција на 53 тимови. Во нивната класа SST завршија на 23-та позиција.
„Условите беа нереално тешки, трка во која луѓето и моторите беа доведени до искушение, а нашите момци на крајот успешно го заокружија најголемото искуство до сега“ – се информациите од Ле Ман.
Македонците се водечките мотоциклисти во „Уни Серв Мото 82“, максимално придонесувајќи чешкиот тим да обезбеди на престижниот викенд натпревар. И за двајцата ова беше прв предизвик од овој тип, но потврдија дека и тоа како заслужуваат да бидат дел од Светскиот шампионат во издржливост.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА