Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра нова одлична партија во дресот на Баерн Минхен, овој пат во големата гостинска победа на Германците против досегашниот лидер во Евролигата, Хапоел Тел Авив.
Баерн Минхен славеше со убедливи 64-79, во меч во кој освен првата четвртина, се друго беше во знакот на гостите.
Нено Димитријевиќ, за 18 минути минати на паркетот, постигна 11 поени, дополнети и со две асистенции и еден скок, издвојувајќи се како еден од тројцата кошаркари на Баерн со најголем број поени. Пред него беа само Канаѓанецот Мајк со 16 поени, и Обст со 13 постигнати поени.
Кај Хапоел се издвои Мичиќ со 13 поени и пет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

