Баерн Минхен продолжува со одличната серија во Евролигата победувајќи и во 27. коло, овој пат против Монако со 91-82 пред домашните навивачи.
Одлична партија повторно имаше, согласно минутажата, Нено Димитријевиќ кој за само 15 минути игра заврши со 11 поени, три скока и три асистенции.
Најдобар во победничкиот тим беше Обст со 19 поени, а Мајк заврши со 12 постигнати поени. На Монако, не му помогна ниту одличниот Џејмс кој заврши со 30 поени и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

