По првиот настап во сала оваа сезона на 20 јануари во Архус, Данска, каде што го освои второто место со скок од 7.38 метри, Андреас Трајковски настапи на атлетски митинг во Горзов, Полска, и блесна со одличен резултат од 7.82 метри, резултат вреден 1099 бода според таблицата на „Светска Атлетика“.
Со овој скок Андреас го освои третото место на митингот, кој е со сребрена етикета од континенталните митинзи под покровителство на „Европска Атлетика“, и уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма на самиот почеток на сезоната.
Овој резултат ќе придонесе Андреас да се искачи високо на Европската ранг листа која ќе се ажурира во понеделник.
Првото место го освои Лука Херден (Германија) со скок од 8.18 метри, додека втор беше Лестер Лескеј од Шпанија со скок од 8.03 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

