Одличен старт: Кошаркарите славеа на контролата со Швајцарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија на одличен начин го почна подготвителниот период за претквалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година.

Во првата контрола одиграна во Гевгелија нашите кошаркари славеа над Швајцарија со убедливи 62-56.

Македонија како во грч го почна натпреварот па по десет минути игра имаше негатива од 11-15. Сепак, избраниците на Марјан Илиевски одиграа одличен втор период кој го добија со (25-15), па на полувреме заминаа со позитива од 36-30.

Одлично го отворивме и второто полувреме. Со серија од 17-3, нашитеко кошаркари во 38. минута стигнаа и до плус 20 (53-33). Лошо го отворивме последниот период во кој за пет минути постигнавме само еден поен, па Швајцарците во 35 минута успеаја да стигнат до само минус седум 54-47. До крајот успеавме да ја задржиме предноста и да славиме со 62-56. Митревски со 15 поени беше најефикасен во редовите на Македонија, Џејкоб Вајли заврши со 13 поени.

Двете репрезентации утре ќе одиграат уште еден контролен натпревар во Гевгелија кој ќе биде од затворен карактер.

Се вчитува...