Најдобриот македонскиот автомобилист, Игор Стефановски-Иџе заврши на четвртата позиција на првата трка во Монца, на стартот од ЕТТЦ шампионатот.
Стефановски, по вчерашните квалификации, стартуваше од седмото место но набрзо почна да напредува стигнувајќи и до петтата позиција на трката. Во битка со Бугаринот Пламен Кралев на крајот успеа да го стигне и да дојде до четвртото место.
Во првата трка, победи Петр Фулин од Чешка, иако финишираше како трет на крајот. Но, Шрајбер и Рикли од Швајцарија заработија казни, загубија по пет секунди и на крајот мораа да се задоволат со места зад Чехот Фулин.
Втората трка се вози од 10 часот, а македонскиот автомобилист меѓу осумтте финалисти ќе вози од петтото место соглано позициите од првата трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА