Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски, имаше успешен почеток на новата сезона. Тој обезбеди значителни поени за олимписка норма со три фуриозни победи над ререзентативци на Турција, Узбекистан и полуфинале против еден од најдобрите таеквондости во светот Хамидреза Бадријалијабади репрезентативец на Азербејџан.
Во финалето тесен пораз од репрезентативецот на Узбекистан Мавловов Марат со 2:1.
Турција ОПЕН Г2 годинава се одржува во Анталија, присутна е цела олимписка таеквондо елита. Традиционално овој турнир значи за еден од најсилните во Светот.
На овој турнир настапи и Филип Блажевски кој започна со победа, но загуби во второто коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

