Одличен успех за гимнастичарите на Атлета од Куманово: Освоени 14 медали на Државното првенство! (ФОТО)

Гимнастичарите од Спортскиот клуб „Атлета“ Куманово повторно го покажаа својот врвен квалитет и посветеност, освојувајќи одлични резултати на Државниот натпревар во А и Б програма во машка и женска конкуренција кој се одржа во Скопје.

Во поединечна конкуренција кумановци освоија две златни, три сребрени и пет бронзени медали, а во екипна конкуренција се закитија со два златни медали, две сребрени, во силна конкуренција од над 160 натпреварувачи од целата држава.

На првенството клубот учествуваше со 28 натпреварувачи, од кои 13 во машка и 15 во женска конкуренција.

„Успехот што го постигнавме е навистина значаен за нашиот клуб. Овој резултат ни дава дополнителна самодоверба и мотивација за нови предизвици. За нас како клуб ова претставува огромна мотивација да продолжиме да се бориме и напредуваат. Планираме учество на уште повеќе натпревари, меѓународни турнири и унапредување на програмите за тренинг. Целта ни е да продолжиме да растеме и да создадеме генерации успешни и среќни млади спортисти. За нас како клуб најважно е да изградиме здрави спортски навики и самодоверба кај секој член. Нашиот клуб упатува иницијатива до Општината да изнајде соодветно решение за изградба или адаптација на простор кој ќе биде наменет за гимнастичка сала. Веруваме дека ваквата инвестиција ќе придонесе за унапредување на спортот и ќе донесе долгорочни бенефити за целата заедница“ – изјавија тренерите на клубот, Филип Миленковски и Никола Златановски по успехот на државното првенство.

ОСВОЕНИ МЕДАЛИ
Во A Програма – машки поединечно 
Калин Илијевски второ место постари пионери
Бојан Христовски второ место помлади пионери
Даме Јаневски трето место помлади пионери
Екипно второ место : Милош Јовановиќ и Калин Илијевски

Б Програма – машки поединечно 
Јаков Стојановски прво место постари пионери
Михаил Додевски второместо постари пионери
Георгиј Мартиновски трето место постари пионери
Илијан Стојановски трето место помлади пионери
Екипно прво место до 9 години: Алексеј Станковски, Илијан Стојановски, Лазар Ѓоргиевски, Симон Петковски, Урош Радевски, Ангел Трајковски.

Во женска конкуренција – Б програма поединечно
Инес Мишевска второ место помлади пионерки
Кирјана Крстевска прво место деца до 7 години
Анисија Станојковска второ место деца до 7 години
Екипно второ место Сара Мишиќ, Лена Трајковска, Ања Ристевска, Ива Тодоровска и Лана Богдановиќ категорија постари пионерки
Екипно прво место до 7 години – Кирјана Крстевска, Анисија Станојковска, Софија Цеков, Софија Николовска, Изабела Цветковиќ и Леона Попов.

Се вчитува...