Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе запиша уште еден извонреден пласман на трката во Имола, Италија, па по вчерашното трето место денеска на втората трка повторно се најде на пиедесталот, овој пат на второто место.
Во самата завршница на денешната трка имаше и драматична ситуација, бидејќи Џакомо Гвидети го помина нашиот возач во последните метри од трката, но притоа направи прекршок зафаќајќи го автомобилот на Стефановски. Па, по реакција на стјуардите, Иџе сепак ја задржа втората позиција.
На денешната трка триумфираше Салваторе Тавано, возачот кој е и прв во генералниот пласман во ТЦР Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА