Македонските кикбоксери викендов учествуваат на Меѓународниот турнир Гран При во Сараево, БиХ, на кој запишаа извонредни резултати освојувајќи 10 златни, 4 сребрени и 7 бронзени медали.
На овој престижен ВАКО настан настапија 567 спортисти од 13 држави. Нашата репрезентација беше составена од 32 натпреварувачи од 9 кикбокс клубови и 13 тренери.
„Сите натпреварувачи наши, и оние кои победуваа и оние кои губеа, прикажаа одлична борбеност и пожртвуваност во борбите и после борбите си помагаа сите клубови меѓусебно што е реткост да се види во другите федерации меѓу нивните клубови и натпреварувачи. Тоа е резултат на професионалната работа и социјалниот пристап на тренерите кон своите натпреварувачи како и меѓусебната блискост и сложност на сите тренери во нашата федерација“ – ни изјави претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко по завршувањето на Гран-при турнирот во Сараево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА