Италијанската Фудбалска Асоцијација на денешниот состанок донесе одлука – во иднина да се игра мајсторка за шампион доколку се случи две екипи да ја завршат сезоната на делба на првото место, со ист број на освоени бодови.
Во Италија според досегашните правила во ваква ситуација решавачки беа меѓусебните дуели меѓу тимовите, но од сезоната 2022/23 повторно се воведува мајсторката како начин за одредување на шампионот. Доколку мечот заврши без победник, не се играат продолженија, туку директно се преминува кон изведување на пенали.
Досега во италијанската фудбалска историја само еднаш шампионот бил решен со мајсторка, и тоа во 1964 година кога Болоња го совлада Интер со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА