Одлична партија на Алиоски, Лидс го преслуша Кристал Палас (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски одигра одлична партија за Лидс кој славеше со 2-0 против Кристал Палас во 23. коло во Премиерлигата.

Алиоски одигра натпревар без грешка, во кој Лидс дојде до водство уште во 3. минута со голот на Харисон.

Конечните 2-0 ги постави Бамфорд во 54. минута.

Алиоски го одигра целиот дуел за тимот кој сега се искачи на 10-та позиција на табелата со 32 бода.

Се вчитува...