Одлична партија на Дарко Чурлинов: Две асистенции за убедлива победа на Коџаелиспор (ВИДЕО)

Екипата на Коџаелиспор на крилата на одличниот Дарко Чурлинов, го совлада тимот на Газиантеп во рамките од 22. коло во турската Супер-лига. Македонскиот репрезентативец за 28 минути игра, успеа да запише две асистенции за вториот и третиот гол, за на крај убедлив триумф на Коџаелиспор од 3-0.

Чурлинов влезе во игра во 72. минута, а четири минути подоцна ја запиша првата асистенција, а потоа во 81. минута и втората, со што Коџаели успеа да дојде до висока победа број осум во турскиот шампионат.

Се вчитува...