Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ запиша одлична партија во 22. коло од шпанската АЦБ лига, но неговиот Хувентуд не успеа пред своите навивачи да го изненади Реал Мадрид. Хувентуд загуби со 74-83 од „кралевите“ во натпревар во кој во поголемиот дел беше рамноправен со големиот фаворит.
Димитријевиќ на паркетот мина нешто помалку од 20 минути притоа запишувајќи 8 поени, дополнети и со три скока и две асистенции. Најефикасен кај Хувентуд беше Лапровитола со 23 поени, дополнети и со 10 асистенции.
Во победничкиот тим се издвоија Руди Фернандес со 14 поени и Кампацо со 13 поени. Реал по оваа победа се израмни на врвот од АЦБ лигата по бројот на победи (17) со водечката Барселона која има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА