Одлична партија на Лилард, Милвоки победува и без Адетокумбо

Иако Милвоки на натпреварот против Филаделфија не сметаше на услугите на Јанис Адетокумбо, сепак, дојде до победата. На крајот беше 135-127, со одлична партија на Дејмиан Лилард кој постигна 43 поени.

Победникот Милвоки го реши во третиот период, кој го доби со 10 поени разлика, и влезе силно во последниот период, кога дојде во еден миг до предност од +21, од кои Филаделфија веќе не можеше да се врати.

Хјустон на домашен терен го совлада Торонто, во меч со малку поени. На крајот Рокетски славеа 94-87. Брукс кај победничкиот тим беше најефикасен со 19 поени, додека кај поразениот Торонто, Квикли беше најдобар со 20 поени. Дуелот беше решен во последниот период, во кој Хјустон направи пресврт и дојде до триумфот.

Се вчитува...