Одлична партија за Адетокумбо, Милвоки во финишот го „скрши“ Њујорк (ВИДЕО)

Со постигнати 37 поени, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо беше творец на победата на Милвоки над Њујорк од 121-111. Домашните играчи беа поконцентрирани во финишот, и успеаја со пресврт на крајот да го добијат натпреварот.

Триумфот беше остварен во драматична завршница. Иако Милвоки имаше предност во текот на последниот период, сепак, во еден миг Њујорк успеа да дојде до позитива, но не и да издржи, затоа што Милвоки додаде гас во финишот, за на крај да слави триумф од 10 поени разлика.

Одлична партија имаше и Брансон кај Њујорк, кој постигна 36 поени, но ја немаше поддршката од своите соиграчи.

Голден Стејт Вориорс рутински ги победија Лос Анџелес Клиперс со 98:79 и останаа на врвот на табелата во Западната конференција. Вориорс го одбранија својот домашен терен без многу проблеми и сега имаат четири победи од пет одиграни натпревари.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Вашингтон – Филаделфија 134:139 (по продолжение)
Мајами – Шарлот 144:117
Милвоки – Њујорк 121:111
Оклахома – Сакраменто 107:101
Голден Стејт – ЛА Клиперс  98:79

Се вчитува...