Македонскиот репрезентативец Исник Алими беше најдобриот поединец во редовите на Сепси во победата од 3-2 против Рапид Букурешт во Првата лига на Романија.
Во плејоф разигрувањето за највисок пласман, Сепси беше подобар од Рапид благодарение на одличното издание на Алими кој е прогласен и за играч на натпреварот.
Македонскиот фудбалер од средниот ред го одигра целиот меч а одличната партија ја круниса и со гол во судиското продолжение од првото полувреме кога погоди за 3-1.
За Алими ова е шести гол сезонава во првенството, а има и три асистенции. Сепси со 34 бода е на петтото место на табелата.
- Голот на Алими може да го погледнете на временскиот исечок – 06:30…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА