Британецот Луис Хамилтон е победник на трката за големата награда на Унгарија, која се возеше на Хунгароринг.
Феноменалната тимска стратегија на Мерцедес ја донесе 81. победа на Британецот во најбрзиот циркуз во светот, откако само четири круга го имаше водството. Имено на 20 круга до крајот од Мерцедесе се одлучија да го повикаат Хамилтон во пит-стопот каде му беа ставени медиум гуми. По излегувањето од гаражата, Хамилтон имаше 20 секунди негатива зад првопласираниот Макс Верстапен. Со одлично возење до самиот крај тој во 67 круг успеа да го премине Верстапен за нова победа на Унгарското гран-при.
Пиедесталот го надополни Себастијан Фетел од Ферари кој заврши пред тимскиот колега Леклерк.
Во генералниот пласман Хамилтон ја зголеми предноста пред Верстапен и Ботас. Во конкуренција на констркуктори Мерцедес остануваат убедливо први.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА