Одлична вест: Самуел Ето не е потешко повреден

Еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња, Самуел Ето доживеа сообраќајна несреќа, но за среќа нема посериозни повреди.

Ето заработил повреди на главата, но за среќа тие не се сериозни, а по дополнителните прегледи ќе биде пуштен на домашно лекување.

Камерунецот доживеа сообраќајна несреќа кога неговиот автомобил налета на автобус близу Никангсамба во Камерун додека се враќал дома од свадба на пријател.

Се вчитува...