Сенегалскиот фудбалер Садио Мане, кој поради повреда го пропушти Светското првенство во Катар, сега конечно се врати на тренинзите на својот тим Баерн Минхен, три недели пред дуелот во Лигата на шампионите против ПСЖ.
Мане на 8. ноември се повреди во 14. коло од Бундеслигата и дуелот со Вердер. Тој меч „Баварците“ го добија со 6:1. Правеше операција на 17. ноември, а неговото опоравување емотивно го проследија од Баерн Минхен.
„Драго ни е да гледаме како повторно трчаш“, напиша славниот клуб на социјалните мрежи.
Schön, dich wieder laufen zu sehen, Sadio! 🏃👋#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/dRtOAN6Bme
— FC Bayern München (@FCBayern) January 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

