Одлична вест за Барселона пред ПСЖ (ФОТО)

Жерард Пике конечно без никакви проблеми одработи цел тренинг и се чини дека е подготевен за враќање на терените, три месеци откако се здоби со повреда на коленото. На стоперот на Барселона му беше предвидена пауза до крајот на март, но последните фотографии од тренинг центарот на каталонците охрабруваат на ден пред дреби дуелот против ПСЖ во Лигата на Шампионите.

Враќање на Шпанецот ќе биде од големо значење за Куман, поготово кога тандемот Умтити-Ленгле не може адекватно да одговори на предизвикот. Ќе биде интересно да видиме дали холанѓанскиот стратег ќе ризикува со искусниот играч уште од првата минута.

Се вчитува...