Одлична вест за Барселона во клучниот период

Играчот за врска на Барселона, Дани Олмо од денеска се враќа на целосни тренинзи.

По тринеделна пауза, Олмо се враќа во составот и би можел да игра во четврток против Валенсија во осминафиналето на Копа дел Реј. 

Ова е одлична вест за Ханси Флик пред клучните битки на сите три фронта.

Наскоро се очекува да се врати Андреас Кристенсен, додека сезоните ги завршија Марк-Андре Тер Штеген и Марк Бернал кои претходно беа повредени. 

Со враќањето на Олмо, Ханси Флик ќе биде на слатко место, бидејќи сега се тука – тој, Фермин Лопез, Гави, Педри, Френки де Јонг. 

Се вчитува...