Одлична вест за навивачите на Милан: Мањан се согласи на нов договор

Голманот на Милан, Мајк Мањан е блиску да го продолжи договорот со Милан, и се очекува новата соработка да биде до 2031 година.

„Росонерите“ му предложија плата од 5,7 милиони евра по сезона, што е идентична како најскапоплатениот Рафаел Леао, со што се очекува францускиот чувар на мрежата да го стави потписот.

Според италијанские медиуми, договорот се очекува да биде потпишан во следните денови. Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри неколку пати истакнуваше дека сака Мањан да остане и со него да ја гради иднината на тимот.

Се вчитува...