Хесус Корона од денеска и официјално е нов фудбалер на Севилја откако потпиша договор со важност до 2025 година. Репрезентативецот на Мексико во шпанскиот клуб доаѓа од Порто во трансфер вреден само три милиони евра.
Десното крило вреди далеку повеќе од оваа сума, но неговиот договор со португалскиот клуб истекуваше на крајот на сезоната па „сино-белите“ мораа да се задоволат со скромна сума на пари која воедно за Севилја претставува „одлична зделка“ со тоа што доби екстра фудбалер во борбата за што подобар пласман во Ла Лига и разигурвањето во Лига Европа за минимален износ.
По 20 одиграни меча во шпанското првенство Севилја се наоѓа на втората позиција на табелата и е единствениот клуб кој засега може да му го загрози првото место на лидерот Реал Мадрид, а со Кореа во своите редови се очекува да продолжи добрата форма на тимот од Андалузија.
Welcome to your new home, Tecatito! 🤝 pic.twitter.com/iCMdaMXfzH
— Sevilla FC (@SevillaFC_ENG) January 14, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

