Македонскиот национален тим ги продолжува подготовките за почетокот на четвртиот циклус во Лигата на Нации, во кој селекцијата ќе атакува на првото место во група со Фарски Острови, Ерменија и Летонија.
Во националниот тим се приклучи и голманот Дамјан Шишковски.
Првиот предизвик за избраниците на Благоја Милевски е селекцијата на Фарски Острови, меч кој се игра во Торшавн во сабота во 15:00 часот.
На тренинзите на националите владее одлична атмосфера, која треба да биде гарант за добра игра и за победа на првиоот меч против „фараните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА