Одличната Илиќ со четврта најдобра одбрана на рундата во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)

Женската ракометна репрезентација на Македонија успеа да обезбеди пласман на уште еден европски шампионат, без оглед на вчерашниот убедлив пораз од репрезентацијата на Словенија (27-18). Нашите ракометарки го освоија третото место во групата, зад Германија и Словенија, пред Белгија, но што е уште поважно, оставија зад себе две селекции во рангирањето на најдобрите третопласирани.

Единствена на нивото во нашиот тим беше голманката Андреа Илиќ која запиша 14 одбрани, а една од нив се најде меѓу најдобрите пет на рундата во квалификациите за континенталниот собир.

Се вчитува...