Легендарниот холандски тренер Луј ван Гал откри нови детали од борбата со ракот и напредокот кој го постигнал за време на лекувањето.
Ван Гал потврди дека успеал по голема битка да ја победил болеста и во моментов се чувствува силно и здраво.
„Пред две години бев на неколку операции и состојбата беше ужасна. Повеќе немам проблеми со ракот, но и понатаму одам на контроли на три месеци. Не чувствував болка, страшно беше тоа што носев пелени. Имав многу јавни настапи и затоа носев темна облека“, изјави Ван Гал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

