Марк Маркез не претрпе тешки последици по лошиот пад кој го имаше на тренингот за ГН на Тајланд која се вози на патеката Бурирам. Маркез со амбулантно возило ја напушти патеката. Сепак, од Хонда стигнаа одлични вести и Маркез е пуштен од болница и се чувствува добро.
„Денеска навистина имавме многу среќа. Марк ќе биде во ред. Одлучивме да го пратиме во болница како би направил детални прегледи по што е констатирано дека нема никакви скршеници. Има мал оток на грбот и нозете, но тоа за среќа не е ништо страшно“, изјави шефот на екипата Алберто Пуиг.
Лекарите му дозволиле да се врати на патеката што значи дека големиот шампион ќе го гледаме на трката за големата награда на Тајланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА