Одлични вести: Пабло Ласо пуштен на домашно лекување

Тренерот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Пабло Ласо во неделата доживеа миокарден инфаркт, што значи изумирање на еден дел од срцевиот мускул, а лекарите успеаа да го спасат од речиси „сигурна смрт“.

Тој пред неколку дена беше отпуштен од одделението за интензивна нега, а сега е пуштен на домашно лекување. Оваа вест ја потврди самиот Ласо кој на социјалните мрежи објави слика во автомобил и даде објаснување.

„Сега сум дома и се чувствувам потполно добро. Имав среќа што животот ми даде предупредување. Како што ми кажа докторот вчера, сега сум многу подобро отколку пред пет дена. Имам сила и желба за да се вратам што поскоро“, напиша шпанскиот стратег.

Се вчитува...