Одлични вести: Се разбуди од кома фудбалерот кој беше повреден во страшен судар во Франција

Фудбалерот на Бордо, Алберт Елис се разбуди од кома, соопшти семејството на репрезентативецот на Хондурас.

28-годишниот Елис беше во индуцирана кома после повредата на главата која ја заработи пред пет дена на натпревар од 26. коло во втората француска лига против Гингамп.

Само 40 секунди по почетокот на мечот се судри со фудбалерот на Генгамп, Донатјен Гомис. Репрезентативецот на Хондурас веднаш доби помош, но веднаш беше пренсен во болница и му беше извршена операција во саботата вечер.

„Среќни сме, и во јавноста може да соопштиме охрабрувачки вести. Алберт е буден и добро се опоравува. Меѓутоа ќе бидеме внимателни што се однесува до неговата рехабилитација“, соопшти семејството на фудбалерот.

Се вчитува...