Дани Олмо ќе биде подготвен да се врати на терените веднаш по репрезентативната пауза, потврдија од Барселона.
Шпанскиот играч за врска дојде како најголемото засилување на клубот ова лето. Барселона го врати своето „дете“ во трансфер вреден 55 милиони евра.
Олмо во минатото имаше проблеми со повреди, а неодамна го погоди нова. Сепак, закрепнувањето беше побрзо од очекуваното, па шпанскиот претставник може да биде на теренот веќе во десеттото коло од Ла Лига против Севилја.
Поранешниот играч за врска на Динамо Загреб одлично ја започна сезоната во Барселона и досега постигна три гола, а Ханси Флик во него гледа фудбалер кој може да покрие неколку позиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА