Одлични вести за Флик: Балде ќе биде подготвен за реваншот против Интер

Левиот бек на Барселона Алехандро Балде ќе биде подготвен за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, против Интер.

Балде пропушти пет натпревари поради повреда која ја заработи против Леганес во 31. коло од шпанската Ла Лига, кога беше заменет во 41. минута. Шпанецот заработи повреда на бутната коска на левата нога и оттогаш е надвор од терените, а неговата позиција ја презема Мартин.

Мартин не се снајде најдобро на позицијата лев бек, на вчерашното реми против Интер, на крајот од првото полувреме го напушти теренот, а на негово место влезе Роналд Араухо.

Се уште не е сигурно дали Балде ќе биде во составот против Реал Ваљадолид в сабота, но ќе биде подготвен за големата пресметка во вторник.

Се вчитува...