Лекарскиот тим на актуелниот европски и шпански шампион, Барселона му даде дозвола на капитенот на француската репрезентација Дика Мем да настапи на Светското првенство кое ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
Десниот бек на Барса се повреди во ноември минатата година откако го дислоцираше десното раме и докторите воопшто не беа оптимисти околу неговото враќање на терен навреме. Тој беше опериран на 20 ноември и предивдената пауза беше два до два до три месеци. Но, Мем успеа да се врати малку побрзо од очекуваното и ќе биде во составот на „триколорите“.
Франција во првата групна фаза за противници на СП ќе ги има Австрија, Катар и Кувајт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА