Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема се повреди во вторникот вечерта на пријателскиот натпревар што репрезентацијата на Франција го одигра со Бугарија, но според извештајот на лекарскиот тим, повредата не е сериозна за да го загрози настапот на одличниот напаѓач на Европското првенство.
Натпреварот заврши со победа на актуелните светски шампиони и вкупен рзултат од 3-0.
„Карим доби незгоден удар над коленото, па почувствува дека неговата болка се зголемува. Не сакав да ризикувам и поради тоа одлучив да го извадам од игра. Медицинскиот персонал заврши добра работа, па денес ситуацијата е многу подобра. Повредата не е сериозна“, изјави селекторот на Франција, Дидие Дешамп.
Бензема се врати во националниот тим пред Европското првенство по шестгодишно отсуство. Тој еднаш беше суспендиран од националниот тим поради скандалот со уцената на Метју Валбуена, во која учествуваше 33-годишниот Бензема.
Франција ќе игра во групата Ф на Европското првенство, во кое се и Германија, Унгарија и Португалија.
? Benzema ? #Euro2020 pic.twitter.com/X4kEeDhhjz
— MARCA (@marca) June 8, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА