Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го води тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА му ја ублажи казната за недолично однесување.
Флик и неговиот помошник Маркус Сорг добија по еден натпревар суспензија поради „кршење на правилата за пристојност“ кога Барса беше елиминирана во полуфиналето на Лигата на шампионите од Интер минатата сезона.
По жалбите, УЕФА ги укина суспензиите за период од една година, но казните од 20.000 евра за двајцата тренери беа потврдени. Каталонците ќе го играат првиот натпревар од сезоната во најелитното натпреварување на 18. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

